Се одржа Избор на косовска девојка во Тетово

Културно уметничкото друштво„ Свети Сава“ од Тетово по повод Видовденските денови организираше „Избор на Косовска девојка“, која ќе учествува на главната манифестација. На денешниот настан покрај домаќините настапија и неколку културно-уметнички друштва и естрадни уметници од Тетово. 

„На покана на КУД Свети Сава од Тетово дојдовме да ја збогатиме оваа свеченост која се одржува со години наназад. Дојдовме со децата од Косово, да се дружиме и да се избере Косовска девојка. Благодариме на поканата, дојдовме да ја претставиме нашата општина и секако да се дружиме.“ – изјави Никола Милосавлевиќ , претседател на КУД од Штрпце.

Данијела Билбилоска