Се одржа премиерата на претставата „Професионалец“

Се одржа премиерата на претставата „Професионалец“ по текст на српскиот драмски писател Душан Ковачевиќ, а во режија на Саше Серафимовски.

Пред тетовската публика синоќа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ беше прикажана премиера на едно од најголемите дела на Душан Ковачевиќ „Професионалец“, во режија на Саше Серафимовски. Долготрајниот аплауз беше потврда за одлична актерска игра, збогатена визуелен и аудио дизајн.

Оваа тажна комедија предизвика измешани емоции кај присутните во салата.

Еден од актерите, Раде Наумчевски, со вчерашната улога во претставата одбележа 50 години активно учество во аматерското драмско студио.

            „Професионалец“ ќе има своја реприза во септември.

Данијела Билбилоска