Се одржа Јавна дебата за Попова Шапка

Што треба да се направи за Попова Шапка? Претставници на невладиниот сектор, стручни лица и граѓани вчера даваа предлози на јавна дебата, иницирана од градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами. Заедничка оценка беше дека е неопходен урбанистички план, но и соодветно сообраќајно решение, за хаосот кој се создава, особено за време на викендите.

            Речиси секој викенд поради сообраќајниот хаос туристите патуваат и неколку часа од Попова Шапка до дома, со што повторно станува јасно дека туристичкиот центар нема капацитет да прими голем број возила. Изградба на жичарница е еден од предлозите на Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“, која беше изнесена на јавна дебата. Од таму додаваат дека треба да се направи план кој ќе опфати подобрување на целокупната инфрастуктура. 

            Граѓанските активисти сметаат дека решението за Попова Шапка мора да биде комплетно и на него да работат локалната и централната власт заедно со граѓанските иницијативи.

            Тетовскиот  градоначалник Биљал Касами, кој ја организираше дебатата, истакна дека заеднички интерес за сите е развиена туристичка дестинација.

            На дебатата беше презентиран и веќе постоечкиот мастер план за Попова Шапка, со кој во фокусот се ставаат паркирањето,  жичарицатата, деталниот урбанистички план и подобрување на ски терените.  

Данијела Билбилоска

Leave a Reply

Your email address will not be published.