Се очекува пораст на бројот на гости за празничниот период

Луѓето сакаат да се забавуваат, но кризата си го прави своето. Цените се покачени насекаде, па така и во угостителските објекти. Сепак, угостителите се обидуваат да ги привлечат гостите со богата програма, организирани забави и слично. После две години од пандемијата, мерките се олабавени, па поголема е и желбата кај гостите да се упатат во локалните угостителски објекти.

За време на празничниот период се очекува бројката на клиенти да биде во пораст.

Маја Пероска