Се помлади заболуваат од рак на дојка, а свеста за редовни прегледи е на ниско ниво

Се помлади заболуваат од рак на дојка, а свеста за редовни прегледи е на ниско ниво. По повод Неделата за борба против рак, во тетовското Здружение на пензионери денес беа организирани бесплатни ехо прегледи, во соработка Општинската организација на Црвен крст. Вакви прегледи ќе се вршат и на 16-ти и на 18-ти март.

ТЕКСТ

Се намалува возрасната граница на жени кои заболуваат од рак на дојка. Оваа болест е и сѐ почеста, покажува догогодишното искуство на д-р Павле Спасеноски, кој и во пензионерските денови, волонтерски помага на пациентите. Тој вели дека стресното време си го прави своето, но канцерот може да се излечи доколку навремено се открие.

„Досегашните мои согледувања, што сум ги вршел во оваа амбуланта, се малку поразителни, зашто ако кажам дека кај 50% од прегледаните се наоѓа малигнитет, тоа е катастрофа. Порано карциномот на дојките беше во повозрасна возраст е сега дојде многу ниска, под 30, се моите откривања на малигнитет. Што значи најисправно е да се контролираат. Младите еднаш годишно, а по 30-та година и два пати годишно да се прегледаат на ехо“, изјави д-р Павле Спасеноски, субспецијалист за гинеколошка и мамма радиодијагностика

Во амбулантата на Здружението на пензионери во Тетово денес д-р Спасеноски вршеше прегледи во соработка со општинската организација на Црвен крст, по повод Неделата за борба против рак.

Меѓу лицата кои дојдоа на преглед беше и тетовчанката Сунца Костоска. Таа вели дека меѓу нејзините пријателки ретко се зборува дека треба редовно да се оди на прегледи, но отежнува и тоа што за термин во болниците треба многу да се чека.  

„Па здравството моментално тешко. Не можеш да дојдеш на ред, ни да добиеш упат, треба да чекаш. А ова сега многу ми е драго и мило и што е бесплатно и што секој треба да дојде“ – изјави Сунца Костоска

Во последниве неколку години, над 1 200 жени во земјава се дијагностицирани со рак на дојка на годишно ниво.

Данијела Билбилоска