Се преземаат мерки за справување со мајмунските сипаници, КЗБ не очекува сериозно ширење

Мајмунските сипаници не треба да ги загрижуваат граѓаните, бидејќи не се шират лесно како што е случајот со Ковид-19. Од Комисијата за заразни болести не очекуваат драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници.

Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи, кичевец кој одбива да биде тестиран, и мигрант хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кој е негативен на тестот.

Поради тоа што нема законска можност пациентот од Кичево да биде „присилен“ на тестирање, Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок соопшти дека ќе достави предлог до министерот за здравство да се предложи здравствен надзор на ова лице.