Се реконструира улицата „Мирче Ацев“ во Тетово

Започнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Мирче Ацев“ во Тетово. Улицата ќе добие целосно нов асфалт, а ќе се интервенира и на атмосферската канализација. Увид во работните активности изврши градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами.

Како што истакна Касами веќе е ангажирана компанија која ќе работи на подготовка на ДУП за четирите блока кои се во трасата на булеварот Илинден, за да се овозможи поефикасен проток на сообраќајот во градот.

Активно се работи на конечното оспособување на булеварот „Благоја Тоска“ дополни Касами во изјава за медиумите и потенцираше дека Општината и понатаму ќе презема мерки за  реализација на значајни инфраструктурни проекти во Тетово.

Ивана Серафимовска