Се реновира градинката кај Спортскиот центар
При крај е реновирањето на вториот кат од градинката, а до крај на неделава, работните активности се префрлаат на другиот дел од објектот.
Во завршна фаза е реновирањето на вториот кат од градинката кај Спортскиот центар во Тетово. До крајот на неделава се очекува да завршат работните активности, и децата се згрижат во тој дел со цел да се почне со реновирање на првиот кат од градинката.
Оваа градинка е последната во низата реновирани градинки во подрачјето на Тетово, а моментално се работи и на опремување на центарот за ран детски развој во Сараќино во кој се очекува да бидат згрижени 27 деца.
И во време на пандемија, голем е интересот на родителите за запишување на нивните деца во градинка. Градинките работат со полни капацитети, во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19. Инаку во петте градинки во Тетово, моментално се згрижени 350 деца.