Се реновира градинката Спортски

Се реновира објектот на детската градинка кај Спортски центар. Притоа ќе се изврши целосна реконструкција на внатрешноста. Децата од идната пролет ќе имаат многу подобри услови за престој.

Објектот на детската градинка Младост од Тетово, кај Спортскиот центар, идната пролет ќе има комлетно нов изглед. Периодов започнаа активностите за реконструкција на внатрешноста. Ќе се изврши спуштање на плафони, молерисување, менување на врати и под.

Преку проект на Форуми на заедниците ќе се реновираат и санитарните чворови.

Периодов има услови да се вршат градежните активности бидејќи има помал број на деца кои престојуваат во објектот. Инаку работата тече според здравсвените протоколи.

error: Content is protected !!