Се смирува состојбата со пандемијата во тетовскиот регион


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

За да не се повтори бранот, лекарите велат дека е потребно да продолжи процесот на имунизација, но и граѓаните задолжително да ги почитуваат и мерките за заштита.

Во ковид центарот на тетовската Клиничка болница се хоспитализирани 35 пациенти.  Се намалува и бројот на лица кои имаат потреба од амбулантски прегледи. Лекарите велат дека состојбата со пандемијата се смирува.

Лекарите оценуваат дека овој бран беше многу посилен од ноемврискиот.

Покрај имунизација на населението, за да не се за да не се повтори бранот, лекарите велат дека граѓаните задолжително треба да ги почитуваат и мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот.