Се спроведува истрага за силувањето на три деца во тетовско

Основниот суд Тетово на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 43-годишен жител на тетовско село, кој се сомничи дека сторил три кривични дела  – Силување.

Осомничениот во текот на 2019 и 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршил други полови дејствија врз три деца кои  наполниле 14 години. Тој упатувал закани, уцени и сила кон децата, по што ги принудувал повеќе пати на полови дејствија. Се заканувал со пиштол и нож, како и со објава на компромитирачки фотографии кои ги направил, па го искористил стравот кај децата за да го врши делото, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

По донесување на Наредба за спроведување истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвиниелството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

error: Content is protected !!