Се узурпира ридот Балтепе

Во време на коронакриза кога поголем дел од инстутициите работаат со намален капацитет ридот Балтепе на Шар Планина е мета на узурпација.

Откако се масакрираше поголем дел од државно земјиште на Шарпланинскиот масив, сега му дојде редот и на приватниот атар. Се сече приватна шума, се пробиваат патишта.

Узупрација на приватно земјиште полицијата има евидентирано и на Шарпланинското село Лавце, каде без дозвола со багер се вршело ископ на површина. СВР Тетово презема мерки за целосно расветлување на случајот.

Пределот Балтепе е меѓу ретките кои граѓаните го користат за одмор и рекреација. Апелираат државата да води поголема грижа за шумата, а инспекциите почесто да го контролираат теренот.

Шара со децении е мета на вандали. Овие снимки доволно кажуваат дека голем дел од земјиштето е узурпирано. За дел од објектите има издадено решенија за уривање, но наместо спроведување на законот, на планината и натаму никнуваат дивоградби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!