Се уште нема плата за работниците од Тетекс Јарн Лимитед

И денес поранешните вработени во фабриката Тетекс Јарн Лимитед во Тетово не добија одговор кога ќе им бидат исплатени заостанатите плати. 

Не беше постигнат никаков договор на средбата на неколкумина вработени во фабриката Тетекс Јарн Лимитед, кои ги бараат заостанатите плати, со претставникот на фирмата, Петар Камбуров, кој вели дека од утре ќе биде назначен за управител. Камбуров вели дека платите не можат да се исплатат зашто сметката им е блокирана.

„Проблемот со платите доаѓа од таму што поранешниот диртектор и адвокатот на фирмата на 31 март незаконски направиле документи со кои ја блокирале сметката на фирмата. Моментално секое евро кое влегува ртреба да отиде на сметката на адвокатот. Велам незаконски бидејќи од 1 април никој нема право да блокира сметки. Додека тоа не се реши не може да се исплатат платите. 205 000 евра е блокадата од адвокатот на фирмата“, изјави Петар Камбуров од Тетекс Јарн Лимитед.

Поранешните вработени незадоволни од резултатот на средбата. Велат дека ќе продолжат да ги бараат платите кои ги заработиле со труд.

За месеците февруари и март плата не зеле над 160 лица кои работеле во Тетекс Јарн Лимитед, фабрика која произведува предиво и волница. На истите им бил даден отказ на 31 март.

error: Content is protected !!