Се‘ уште нема протоколи за уписите во средните училишта


Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Во четирите средни јавни училишта во Гостивар, за учебната 2020/2021 отворени се вкупно 1.938 слободни места за упис на ученици во прва година. Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средно, на крајот на март. Прв рок за пријавување на полуматурантите е 16 јуни, но протокол за неговото спроведување во услови на пандемија се уште нема. Дали учениците и родителите со кои доаѓаат во училиштата ќе мора да носат маски? Ќе има ли промена во организацијата на уписните комисии? Дали евентуално пултовите за прием на документите би се поставиле во училишните дворови? Училиштата за сега немаат добиено насоки за овие и слични дилеми околу уписите.

„За тоа како ќе се спроведуваат уписите, останува да се чека на препораки од Владата. Јас сметам дека би било добро учениците периодов, барем уште еден месец, да се вратат во училишните клупи за да се навикнат на новонастанатите услови, да се адаптираат како ќе се одвива настават од септември.“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Во исчекување на протоколите средните училишта во Гостивар од почетокот на месецов почнаа со онлајн кампањи за промоција на смеровите што ги нудат за полуматурантите.

Најмногу места се предвидени во средното техничко училиште, вкупно 748. Од нив предвидено е да се формираат 10 паралеки на албански, 8 на македонски и 4 на турски јазик. Во ова училиште има повеќе струки: машинска, електротехничка, хемиско технолошка, козметичка и други.

Во медицинското училиште, предвидени се 272 места, и формирање на 4 паралеки на албански и по две на македонски и на турски јазик. Во гостиварската гимназија може да се запишат 476 полуматуранти во 9 паралелки на албански, 3 на турски и 2 на македонски јазик.

Во средното економското училиште има вкупно  442 места. На албански јазик предвидени се 7 паралелки, на македонски 5 и на турски јазик, една. Учениците може да избираат меѓу неколку струки: економски, банкарски, маркетинг или правен техничар и деловен секретар.