Се уште ни трага од Иќерем Лутфиу
Повеќе од две недели нема ниту трага ниту глас од Тетовецот Иќерем Лутфиу, кој исчезна на 30-ти декември. Шпетим Лутфиу, синот на изчезнатиот Иќерем, апелира до граѓаните да му се обратат доколку имаат било каква информација за неговиот татко, или да пријават во СВР Тетово доколку го забележат на некоја локација.
„Ако некој од граѓаните го види или забележи мојот изгубен татко нека се јави во свр тетово или на контаакт броевите кои ги објавив по сите портали. Тој во последниот момент пред да излезе од дома носеше кафеава јакна, фафмерки и сини патики. Се собиравме пред АМСМ со група граѓани кои доброволно сакаат да помагат за потрагата затоа што последната точка каде што е забележан била тука, такви се информациите од СВР Тетово. Но, после тоа не знаеме ништо. Ниту камерите кои се поставени во некои дуќани не работат, па ние продолжуваме со истрагата“, вели Шпетим Лутфиу, синот на Иќерем.
Во оваа акција се приклучени и Дирекција за заштита и спасување со 10 нивни соработници како и работници на Противпожарна единица Тетово заедно со полицијата. Веке од 30.декември од 18.15 часот нема трага од Иќерем Лутфиу. Изчезнатиот Лутфиу е инструктор по професија, кој е вработен во Амсм Тетово.