Се’ уште се чека на изградбата на шелтер-центар за кучиња-скитници

Видеото објавено пред само неколку дена на кое се гледа како глутница бездомни кучиња напаѓаат човек на една од улиците во Тетово, ја разбранува тетовската јавност. Ова не е прв случај на напад од кучиња-скитници во Тетово, а  решавањето на овој проблем со години наназад се чини како да се турка „под тепих“.Градоначалникот на Тетово, пак, Биљал Касами поттикнат од вознемирувачкото видео кое вирално се прошири, денеска одржа прес-конференција во која што рече дека горливиот проблем со кучињата-скитници не е само на Општина Тетово и дека е потребна национална стратегија за решавање на истиот.

Во врска, пак, со регионалниот шелтер-центар за бездомни кучиња кој треба да биде отворен во Врапчиште, Касами, појасни како стојат работите.

Инаку, Општина Тетово пред извесно време започна акција на заловување на кучиња-скитници, но и тоа  не даде некои големи резултати со оглед дека градот се’ уште е преплавен со кучиња, за кои Општината и понатаму се правда дека повеќето се носат од други населени места.

Ивана Серафимовска