Синичане доби вода за пиење

Денес беше пуштен во употреба новиот водоснабдителниот систем. Градежните работи за неговата изградба беа причина за политички препукувања, вмешување на полицијата и протести на жителите на соседното село Урвич.

Повеќе нема да мора да купуваат вода за пиење или да полнат од други места. Низ чешмите во домовите на жителите на село Синичане во општина Боговиње тече чиста вода за пиење. Тие со децении го чекаа овој ден.

Нивната иницијатива се исплати, иако изградбата на водоснабдителниот ситем беше причина за политички препукувања помеѓу централна и локална власт. Притоа протести организираа и жителите на соседното село Урвич, кои сметаа дека се користи вода од нивниот извор, а за време на работните активности имаше и присуство на полицијата.

Проблемот беше надминат по заеднички разговори помеѓу локалната власта и Владата, како и со ветувања за реализирање на неколку проекти за селото Урвич.

Село Синичане има околу 330 куќи со 4 000 жители. Новиот водоснабдителен систем со траса долга неколку километри обезбедува 25 литри вода во секунда од неколку извори.  Дополнително ќе се работи на помали интервенции во мрежата и во базенот.  

error: Content is protected !!