Скијачката сезона на Попова Шапка се уште не е започната

На центарот нема доволно снег, дел од жичниците се користат само за панорамско разгледување. Скијачите велат дека не паметат на Шара да нема скијање во втората половина од јануари.

Природата не беше дарежлива, снег не падна доволно, но дел од домашните скијачки центри, а речиси сите соседни проблемот со недостиг на снег го решија со системот за заснежување, кој на Попова Шапка не е ниту во план, велат познавачите на приликите.

Туристичките водичи истакнаа дека и покрај ваквата состојба странците се заинтересирани за Попова Шапка, посебно за нејзиниот северен дел каде секогаш има повеќе снег, но нема инфрастурктура, па скијачите најчето се носат со ратрак.  

За Попова Шапка има изработено неколу студии за нејзин развој, но ниту една не се реализираше во пракса. Последната беше изработена и презентирана пред околу два месеци.

Таа предлагаше повеќе опции за развој на центарот, но најоптимална според ЕСМ Македонија претпријатие кое стопанисува со Попова Шапка е нејзиното управување да биде на основа на јавно – приватно партнерство. Студијата предвидува и изградба на жичница Тетово – Попова Шапка паркинг места, ски лифтови, инсталација за вештачки снег.     

error: Content is protected !!