Скијачкиот центар Маврово бележи една од најуспешните скијачки сезони

Скијачкиот центар Маврово бележи една од најуспешните сезони. И во услови кога нема доволно природен снег, на центарот кој годинава доби нова ски патека има скијање веќе втор месец.

Туристите но и познавачите на прилики се задоволни од центарот, каде годинава нови патеки се заснежуваат со вештачки снег, што е еден од основните услови за успешна ски сезона.

Од Скијачката федерација на Македонија, велат дека Маврово се развива, но може уште повеќе, ако се земе предвид природниот потенцијал на планината. Дел од ски центрите во Македонија се во очајна состојба, пред се поради немање на вештачки снег, и инвестиции во инфраструктурата.

Поради немање на доволно снег на Попова Шапка се уште не е започната скијачката сезона. Неделава паднаа триесетина сантиметри снег ,но оваа снежна покривка како што велат од раководството на центарот, не бил задржан на ски патеките поради силниот ветер.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!