Случаи на насилство и кражба викендов во Тетово и Гостивар

Полицискиот билтен за викендов што измина бележи повеќе настани врзани со насилство, напад и кражба. Триесет и двегодишен жител на тетовска Стримница вчера (27 декември) околу 21 часот и 20 минути, во СВР Тетово пријавил дека неговата мајка во семејниот дом физички била нападната од неговата поранешна сопруга на возраст од 30 години од Шемшово, а која и го одзела и мобилниот телефон. Пријавената во 23 часот и 10 минути во Стримница лишена е од слобода и задржана во Полицискста станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово во Стримница лишиле од слобода 52-годишен тетовец, кој по вербална расправија со 20 годишник од ова тетовско село, му вперил пиштол и, според пријавеното, го репетирал, а потоа заминал. Тетовецот бил задржан во Полициска станица, пиштолот „застава пара“ со рамка со 5 куршуми, калибар 9 милиметри. му бил одземен.

Во Гостивар пак, околу 18 часот и 10 минути, на улица „Живко Брајковски“ , полициски службеници на ОВР Гостивар лишиле од слобода 42 годишен жител на гостиварска Долна Бањица, кој претходно извршил кражба во возило и при тоа одзел женска чанта со повеќе предмети. Украдените работи биле вратени на сопственикот, а против лицето ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Од СВР и информација за пронајдена 17 годишна девојка во Тетово, која од нејзиниот татко на 18-ти декември годинава била пријавена дека се оддалечила од дома. Девојката му е предадена на родителот.

Ковид полицискиот билтен за последното деноноќие евидентира 63 казни за неносење маски, 35 во Тетово и 28 во Гостивар. Нови решенија за изолација Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвил на 42 лица од Гостивар, а контроли им биле извршени на ТЕ-510 и ГВ-364 лицa со вакви решенија. При тоа не било констатирано непочитување на издадените решенија.

error: Content is protected !!