Сместени децата по пожарот во Гостивар


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Трите малолетни сестри на 7-годишото дете кое загина во вчерашниот пожар во Гостивар се смесетени во СОС Детско село.

По вчерашниот пожар во Гостивар во кој животот го загуби 7-годишно дете, кое било врзано со ланци за нозете, денес за неговите три малолетни сестри обезбедено е сместување во соработка со СОС Детеско, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Од таму додаваат дека врз децата нема траги од било каков вид на насилство и истите се во добра психо-физичка состојба.

Од Центарот за социјална работа – Гостивар велат дека досега немало пријави за злоупотреба.

35-годишната мајка, која е задржана во Полициска станица по пожарот под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски, заедно со 4-те малолетни деца и нејзина сестра од Ресен од неодамна се вселиле во станот под наем, а често менувале адреси на живеење. Од Центарот за социјални работи во Ресен велат дека жената во октомври 2018 година дала исказ кај нив дека ќе се пресели во Гостивар, а до тогаш и во овој Центар немало пријави за ова семејство.

Соседите, пак, во зградата на улицата „Кеј Вардар“ велат дека не ги познаваат членовите на ова семејство. Раскажуваат за страотниот пожар кој се случи вчераутро.

Денес заврши и увидот на специјалната екипа на МВР заедно јавниот обвинител, кој треба да покаже која била причинита зазибувнувањето на пожарот . Дополнително Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.