Снег во среда и четврток и температури под нулата на крајот од неделата

После влажниот бран од изминатиот период, од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат променливо облачно време со локални – послаби врнежи од дожд за утрешниот ден. Дури во попладневните часови се очекуваат и сончеви периоди. Таква е временската прогноза за територијата на целата земја, како и за Полошкиот регион.

Сепак, кон средината на неделата се очекува снег, а потоа и спуштање на температурата под нулата.

Цела Европа во изминатиот период се соочува со студен и влажен бран, а и нашата земја не е исклучок. Заради обилните врнежи се апелира и на можно излевање на реките чии нивоа на водата се во голема мера зголемени.

error: Content is protected !!