Снежните врнежи го одложија спроведување на првите мерки во депонијата Русино

Активностите за рехабилитација на депонијата Русино се одложени поради временските прилики. Ќе се чека на стабилизација на времето, за да се започнат брзите инфраструктурни мерки.

Токму на тема управување со отпадот во овој регион се разговарало вчера на средба во Центарот за развој на полошкиот плански регион, на која присуствувале министерот, Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Зутер Техада. 

Снежните врнежи го одложија спроведување на првите инфраструктурни мерки, односно брзите мерките за рехабилитација на постојната локација за депонирање на отпад Русино. Операторот, со кого е склучен договор на 21 јануари, направил само припремни работи, по што се чека стабилизација на времето. Овие активности се предвидува да завршат до средина на мај.

Се чекаат средствата на општините за да почне да функционира претпријатието Русино –Полог.

На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на почетокот на февруари го одобрила започнувањето на постапката за обезбедување на заем од меѓународните финансиски институции за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион. За оваа цел, ќе бидат неопходни над 55,3 милиони евра, со кои ќе може да се започне изградбата на основната инфраструктура за управување со отпадот, информираат од ова министерство.

error: Content is protected !!