Собрани средствата потребни за целокупното лекување на Михаил

Хуманите граѓани се одѕваа на апелот за помош на Ристоски од Тетово. Собрани се средствата потребни за целокупното лекување на Михаил, кој има парализа на раката. Семејството објаснува за што се наменети и апелира граѓаните повеќе да не донираат пари. 

Граѓаните на нашата земја, но и иселениците во странство ја покажаа својата хуманост. По апелот за помош на семејстовто Ристоски од Тетово, за само 6 дена се собрани средствата потребни за целокупното лекување на малиот Михаил, кој има парализа на левата рака, како резултат на повреда при неговото раѓање.

            По реакциите кои излегоа во јавноста и од белградската клиника, од семејството појаснуваат дека освен за акупунктурата во болницата, парите се наменети и за дополнителни трошоци.

„Блгодарност до добрите луѓе преку коишто успеавме да ги собереме паричните средства, коишто ни беа потребни за лекување на Михаил. 

Воедно сакам да се заблагодарам и на белградската болница Виталис, која самоиницијативно излезе во наш пресрет и ни донираше 10-дневна акупунктурна терапија, која за нас ќе биде бесплатна. Сакам да разјаснам дека финансиските средства кои што беа побарани не се целокупно за болницата, туку треба да се најде базен и физикална терапија во друга болница, тука спаѓа престој, пат и пропратните трошоци“, вели Благородна Ристоска, мајка на Михаил.

Михаил на првата сесија во болницата е планирано да замине во втората половина од јануари идната година, велат од семејството.

Бидејќи ги имаат потребните средства, Ристоски апелираат граѓаните повеќе да не донираат пари.  

error: Content is protected !!