Советниците утре ќе одлучуваат дали ќе се прифатат предложените цени за услугите на јавниот превоз во Тетово


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

На утрешната седница на Советот на општина Тетово се очекува да биде изгласана одлуката за цените на производите и услугите на Јавното претпријатие ′′ Тетово транспорт ′′, откако пред извесен период беше извршено и примопредавање на 5-те автобуси за градски превоз.

Според последната објава на социјалните мрежи на претседателот на Советот, Беким Мемети, цените на билетите ќе бидат поделени во 5 категории, А, Б, Ц, Д, Е и првично ќе има 3 линии за јавен превоз.

Основен билет: за категорија А ќе чини 20 денари за возење, месечен билет 900 денар, а годишен 9 000 денари.

Категорија Б, за студенти и јавни административци: за сите линии 20 денари за едно возење, месечно 350 ден, годишно 3 500 ден.

Ц категорија за пензионери, стари лица (над 62 години) како и лица со мал инвалидитет: за сите линии 20 ден, месечно 350 ден., а годишно 3500 ден.

Категорија Д, билет за вработените во Општина Тетово и вработените во органите основани од Општина Тетово, за сите линии билетот ќе чини 20 ден, месечно 450, а годишно 4 500 денари

Категорија Е, билетите за лицата со попреченост над 80 % ќе бидат бесплатни.

Инаку на дневниот ред пред советниците ќе се најдат вкупно 27 точки, од областа на образованието, урбанизмот, како точки кои се однесуваат на работата на јавните претпријатија.