Советот на Општина Тетово ја одржа првата конститутивна седница

Советот на Општина Тетово ја одржа првата конститутивна седница, која ја водеше најстариот член, односно доктор Ратко Давидовски. Притоа беа избрани претседател и членови на Верификационата комисија, а беше формирана и Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

 Со мнозинство гласови беше реизбран Бесар Дурмиши за претседател на Советот. 

Од опозицијата велат дека ќе бидат коректив на мнозинството, односно ќе ги поддржат проектите кои се добри за граѓаните, додека ќе бидат против проектите кои не се во нивен интерес. 

Советот на Тетово се состои од 31 членови од 6 партии. 12 советници од Движењето БЕСА има 12, 11 од  ДУИ, 4 од ВМРО-ДПМНЕ, 2 од СДСМ и по еден советник од Алтернатива и од ДПА.

Вонредните избори за членови на Совет се одржаа на 20 август, откако преходниот состав не успеа во законски предвидениот рок да ја донесе и усвои Завршната сметка за работењето за 2021 година.

Данијела Билбилоска