Советот на општина Тетово ја одржа 33. Седница

На дневен ред се најдоа 19 точки.

Тетовскиот Совет доби два нови члена. На местото на досегашниот советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Велјановски, кој стана дел од Собранието, дојде Далибор Спасовски, додека наместо Мимоза Муса, која поради лични причини не е дел од Советот, сега е Кујтим Рамадани од Алијанса за Албанците.

На денешната седница се расправаше за вкупно 19 точки од дневниот ред. Се разгледуваа плановите за работа и новите вработувања во воспитно- образовните институции, се гласаше за легализација на дивоградби, а Извештајот за извршување на Буџетот за првите 6 месеца, покажал ниска реализација на комунални такси и даноци, на што дел од советниците реагираа дека и проектите кои се од витална важност за градот не се реализирани во целост.

Тетовските советници денес изгласаа промена на три урбанистички плана во Тетово, дел од дневниот ред на 31. Седница, која беше прекината два пати.

error: Content is protected !!