Состанок на Комисијата за заразни болести
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на ковид-19 и нема починати лица.
По денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, на прес конференција портпаролот, доктор Злате Мехмедовиќ, истакна дека состојбата со ковид пандемијата во земјава е стабилна и нема потреба од дополнителни мерки. Донесена е препорака за укинување на задолжителен ПЦР тест за одредени интевенции во здравствените установи.
Доктор Мехмедовиќ инфромираше дека на состанокот се дискутирало што треба да се преземе при евентуална појава на мајмунски сипаници и во нашата земја и рече дека не треба да се крева паника.
Од Комисијата истакнаа дека будно ја следат состојбата со појавата на мајмунски сипаници во светот.