Состанок на Претседателството на партијата Алијансата за Албанците

Алијансата за Албанците ќе има само еден потпретседател а членовите на Претседателството едногласно одлучија за потпретседател да биде избран Арбен Таравари.

Претседателството на партијата Алијансата за Албанците на 9 мај го одржа првиот состанок, по Вториот конгрес и по седницата на Собранието.

Останатите партиски тела ќе се избираат на следните седници на претседателството. На оваа средба беше одлучено конкурсот за кандидати за претседатели на ограноците на АА да биде објавен од 16 до 23 мај.

Данијела Билбилоска