Состанок на ФФМ со прволигашките клубови

Десетте прволигашки клубови заедно со претставниците на Фудбалската федерација на Македонија одржаа состанок на отворено, односно на еден од терените на Тренинг комплексот во Ново Лисиче. На состанокот се разговараше за тековната состојба со првата фудбалска лига, која во моментов е прекината. Ставовите на клубовите се различи и сите имаат свое гледиште на состојбата. Дел од клубовите се за продолжување на првенството, но дел се и за комплетен прекин. Според насоките на УЕФА, членките до 25ти Мај треба да се изјаснат дали и како ќе продолжат првенствата, па така ФФМ и клубовите имаат само уште неколку денови за да донесат конечна одлука. Сите учесници на вчерашниот состанок се согласни дека нема време да се доигра комплетната сезона, со оглед на тоа дека остануваат уште 13 првенствени кола, како и ½ финале и финалето на Купот на Македонија.

Во моментов се разгледуваат две опции. Продолжување на првенството во скратен формат со евентуален плеј-оф и плеј-аут, но и дефинитивен прекин, при што за излез во фудбалска Европа ќе важат моменталните резултати, а нема да има ниту испаѓање од лигата. Во вториот случај, дополнително треба да се одлучи и дали ќе има влегување од втората во првата лига.

error: Content is protected !!