Состојбата со коронавирусот во Гостивар сè уште е многу сериозна

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 141 нови случаи на ковид-19. 8 од нив се во тетовскиот, додека 13 во гостиварскиот регион. Состојбата со ширењето на коронавирусот во гостиварско беше оценета како сериозна на денешниот состанок на Меѓуопштинсикиот Кризен штаб.

Во последните 24 часа во тетовскиот регион се регистрирани 8 нови случаи со ковид 19, додека во гостиварско 13. Во Гостивар и околината продолжува да расте бројот на лица со ковид 19. На денешниот состанок на Кризниот штаб беше констатирано дека ситуацијата во овој регион сè уште е многу сериозна.

Граѓаните не се дисциплинирани во однос на почитувањето на мерките. Болните лица, пак, не ја сфаќаат сериозно болеста и мислат дека е обичен грип, поради што доцна се јавуваат на лекар, а исто така дел од нив и не седат во изолација како што е пропишано.

Во земјава во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Почината е една пациентка (51г) од Скопје во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од кои 3 од Тетово и 35 од Гостивар.

error: Content is protected !!