Состојбата со речните корита во тетовско по поројните дождови е стабилна


Состојбата со речните корита во тетовско по поројните дождови е стабилна, велат од Општина Тетово. Нивни екипи се на терен и ја контролираат состојбата со нивото на реките. 

Засега речните корита се стабилни. Нема големо покачување на нивото на водата, велат од Општина Тетово.

Општинските власти, велат дека екипите се на терен и ја контролираат состојбата која како што велат и покрај поројните дождови таа е стабила, затоа што неодамна сите речни корита биле исчистени.

На почетокот од летово реката во Доброште се излеа после силните врнежи од дожд предизвикуваќи штети во домовите на селаните, но сега таму состојбата е стабилна.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!