СОС линија за деца и млади за проблеми во време на пандемија

На СОС линија за деца и млади на Првата детска амбасада Меѓаши во овој период има јавувања поврзани со проблеми настанати поради коронакризата.  

СОС линија за деца и млади на Првата детска амбасада Меѓаши претставува значаен извор за тоа што им се случува на децата во нашето општество.  Од таму велат дека неколку години наназад трендот е да се јавуваат повеќе возрасни лица за прекршување на правата на децата, а во овој период проблемите со кои се соочуваат се поврзани со состојбата во која се наоѓа земјата поради пандемијата со коронавирусот.

СОС телефонот на Меѓаши е отворен во период од 8 до 16 часот, а на јавувањата одговара психолог  со којшто може да се поразгова и истите остануваат во тајност.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!