„Социјални политики против иселување и сиромаштија“

Вчеравечер во Тетово, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, беше реализирана трибината „Социјални политики против иселување и сиромаштија“ во рамки на партиската акција „Ова е Македонија за сите“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор пред присутните напомена дека за Тетово како град  на национално ниво се зборува само кога  има вести од црната хроника, а како пример го посочи пожарот во тетовската модуларна болница. 

Во своето обраќање Мицкоски се осврна и на настаните пред 8 години во кумановската населба Диво Насеље во која загинаа повеќе припадници на македонската полиција.

На вчерашната трибина пред јавноста беа истакнати и проектите реализирани во Општина Тетово.

Градоначалниците на Општините Јегуновце и Брвеница исто така пред присутните ги истакнаа проектите и активностите кои се преземени за подобрување на животот на жителите на населените места во рамки на двете општини. 

Следна трибина на тема образование ВМРО-ДПМНЕ најави за утре во Штип.

Ивана Серафимовска