Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го започна генералниот штрајк, со кој работниците во јавниот сектор бараат поголеми плати.
Синдикалците бараат зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и утврдено право на регрес за годишен одмор.
Штрајкот денеска го поддржаа и вработените во Клиничката болница, Здравствениот дом во Тетово.
Денес штрајкуваа и вработените во Општина Тетово.
Штрајкот, како што најавија од ССМ, ќе трае сè додека не бидат исполнети нивните барања.
Данијела Билбилоска