Сојузот на средношколци бара настава да се одложи за 1 октомври

Сојузот на средношколци бара настава да се одложи за 1 октомври. Период од еден месец според Сојузот е доволно време да се организира почетокот на учебната година по комбиниран модел.

Од Сојузот на средношколци, велат дека прифаќаат само комбиниран модел, кој од една страна ќе го заштити здравјето на учениците , а од друга страна нема да се заостане со наставната програма, која доколку би се одвивала цело време преку интернет, значително негативно би се одразило врз образовниот процес на учениците.

Од Сојузот, велат дека имале една средба со надлежните институции. Се надеваат дека ќе се прифати нивното барање, наставата да се одвива по комбиниран модел.

Сојузот на средношколци за понеделник 31 август имаат закажано протест во Скопје, на кој подетално ќе ги изнесат нивните барања и понатамошните чекори.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!