Со аерозагадувањето Општина Тетово ќе се справува преку пакет мерки, кои беа усвоени на денешната седница на Советот

Опозицијата реагира дека се задоцнети.

Изработка на катастар за животна средина, набавка на механизација за чистење и прскање на коловозите со специјални средства, едукација на населенито.

Ова беа главните мерки на предлог програмата за заштита на животната средина, која беше усвоена на денешната седница на Советот на Општина Тетово.

Опозиционите советници, реагираа дека мерките биле популистички и задоцнети.

Од СДСМ, кои се дел од мнозинството на Советот, истакнаа дека мерките се за поздравување и ќе проидонесат граѓаните да дишат почист воздух.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, пак, се пофали дека Општината континуирано спроведува мерки против аерозагадувањето, а предлог програмата вклучува дополнителни активности кои ќе се реализираат оваа година.

Тетово и годинава е рекордер по аерозагадување, но конкретни мерки на терен не се забележуваат.   

error: Content is protected !!