Со акцијата Лавце – Бела Вода ПК Тетекс ја започна сезоната

Со оваа тура официјално стартуваше обнова на годишната членарина, односно зачленување нови членови.

Со искачување до месноста Бела Вода на шарпланинскиот масив Планинарскиот клуб Тетекс од Тетово ја започна новата сезона. Истата беше искористена да се обнови годишното членство, односно за зачленување нови членови.


„Со оглед на тоа што во текот на вчерашниот ден имавме прекрасно време турата беше успешно изведена, во вкупна должина од 12 км. Ова беше лесна тура, која треба да привлече нови членови. Во Лавце беше организиран свечен ручек, на кој беа ставени новите печати и маркици во кничките на планинарите“, вели Снежана Новаковска, претседателка на ПК Тетекс.

Во моментов клубот има 60-тина члена, но интересот за нови членства секојдневно расте.

„ Со нашите планинарски водичи им укажуваме на луѓето како се планинари и која е опремата. Ако некој изрази желба по неколку тури станува член на клубот“, додава Новаковска

ПК Тетекс организира искачувања на разни врвови и месности на Шарпланинскиот масив, а зема и активно учество како гости на искачувања на клубови и места ширум Македонија.


„Освен нашите традиционални тури на национално ниво, планираме да ја реализираме турата Јанче – Галичник, зависно од временските услови, најверојатно следниот викенд, вели Новаковска.

Инаку, Планинарски Клуб Тетекс – Тетово е клуб основан далечната 1956 год.

error: Content is protected !!