Со владини пари ќе се пробива „Благоја Тоска“

Владата на последната Седница донесе Одлука со која додели средства на општина Тетово во висина од 29, 5 милиони денари за реконструкација на булеварот „Благоја Тоска“. Со тие пари ќе се реализира првата од вкупно три предвидени фази на инфраструктурниот проект.

            Со владини пари ќе се пробива булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. Со нив ќе се реализира само првата, од вкупно три фази од овој инфраструктурен зафат за растоварување на сообраќајниот метеж во градот. Според Одлуката на Владата средства во износ од 29.500.000 денари ќе бидат распределени на реконструкција на Булевар Благоја Тоска во општина Тетово.

Од опозицијата во Советот на општина Тетово, пак, велат дека локалната самоуправа е таа која што треба да обезбедува пари за капиталните проекти.

            Жителите на Тетово со години ја чекаат долгонајавуваната реконструкција на овој булевар.

            Инаку делот од булеварот „Благоја Тоска“ кој треба подложи на реконструкција, долго време претставува нелегален паркинг за возила. Истовремено дел од возачите го користат, меѓутоа истиот има многу дуплки и нерамнини кои по секој дожд се полнат со вода.

error: Content is protected !!