Со делење пита со паричка во Тетово и неколку околни населени места беше одбележана Василица

Точно напладне во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, се слушна биењето на камбаната по повод празникот Свети Василиј Велики или кај народот познат како Василица. Потоа на присутните верници им беа поделени парчиња пита со паричка, обичај карактеристичен за овој празник. За оној којшто ќе ја пронајде паричката во питата, се верува дека ќе го прати среќа во текот на целата година.

Снежана Жана Стојановска една од иницијаторките на ваквиот начин на одбележување на празникот, посакува истото да прерасне во голема традиција.

Ваквиот начин на прославување на Василица се реализира по вторпат, а освен во православните храмови во Тетово, се одвиваше и во неколку околни населени места.

Ивана Серафимовска