Со инвертери во училиштата и објектите на општинската администрација ќе се намалува загадувањето во Тетово

Градоначалничката Теута Арифи, денес го посети ОУ „Наим Фрашери“, каде оваа мерка е целосно спроведена.

Тетовската градоначалничка,Теута Арифи, во ОУ „Наим Фрашери“ учествуваше на дебата со просветниот кадар и учениците за изнаоѓање начини како да се намали загадувањето, но и како се намалат трошоците на училиштата во однос на греењето. Инаку, со истата цел во ова училиште се поставени околу 56 клими инвертери.

„Ова училиште е првото училиште каде комплетно се инсталирање доволен број инвертери за да се покрие комплетно целиот објект, што значи ова училиште ќе има минимална емисија на штетни гасови, но исто така и битно ги намалува трошоците за греењето. Со исто темпо продолжуваме во другите јавни училишта„, истакна градоначалничката Арифи.

Од раководството на училиштето велат дека покрај поставувањето на инвертерите, биле преземени и други мерки за заштеда на енергија.

„И пред 4 години ние ги сменивме светилките со лед диоди, при што го преполовивме трошокот на електрична енергија, а заштедените средства ги искористуваме за нагледни материјали во училиштето. Оваа година сме во контакт со Холандска амбасада и со ЕВН за поставување на фотоволтаични плочки“, вели директорот на училиштето, Џелал Алили.

Освен ова училиште,
со поставени клими инвертери комплетиран е објектот на подрачното основно училиште
„Братство Миѓени“ кај Спортскиот центар и три објекти на општина Тетово.

Данијела Билбилоска

Powered by Live Score & Live Score App