Со повеќе забавно-едукативни активности во тетовските градинки се одбележува Неделата на детето


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Во знакот на Детската недела, ќе започне и реновирањето на објектот кај Спортскиот центар.

И тетовските градинки секоја година традиционално се приклучуваат кон одбележувањето на Неделата на детето, со цел најмалите да се запознаат со нивните права, но и со обврските кои треба да ги исполнуваат истовремено.

И во време на пандемија Градинката Младост организира забавно-едукативни активности за децата, со почитување на протоколите.  

Во знакот на Детската недела, ќе започне и реновирањето на објектот кај Спортскиот центар.

Инаку, во моментов поради пандемијата е намален бројот на децата кои престојуваат во детската градинка Младост. Во сите објекти се сместени 150 деца, а дополнително има и слободни места.