Со пригодна манифестација во Тетово одбележан празникот Видовден
Српскиот верски и државен празник, Видовден, со пригодна манифестација, денеска беше одбележан во дворот на Музејот на Комунистичката партија во Тетово. На свеченоста со српски и македонски фолклорни кореографии настапија Културно-уметничкото друштво „Свети Сава Први“ од Тетово и КУД „Глигор Прличев“ од Скопје. Претседателот на КУД „Свети Сава Први“, Примислав Станојевиќ, даде исторски осврт за празникот Видовден.
КУД „Свети Сава Први“ веќе 12-тина години учествува на низа манифестации каде што бележи многубројни награди.
Денешното одбележување на српскиот празник, Видовден, е финансиски поддржано од страна на Управата за дијаспора за соработка со Србите во Македонија.
Ивана Серафимовска