Со приредба викендов беше одбележано завршувањето на Школата за српски јазик

Притоа секој учесник доби диплома и комплет книги.

Успешното завршување на Школата за српски јазик на Здржението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ беше одбележано со манифестација насловена „Светосавска радост“. Воедно преку драмски текстови посветени на Свети Сава учесниците му оддадоа почит и на овој српски светец.

„Школата за српски јазик траеше изминативе 6 месеци, ја посетуваа 18 ученика на возраст од 10 до 15 години. Со нив работеше професорката Нена Ристиќ  Костовска од Скопје, професор по српски јазик и литература. Велерашната приредба е посветена на Свети Сава и да покажат што научиле. Притоа секој учесник доби диплома и комплет книги“, вели Соња Андонов, претседателка на Здржението на Срби и Македонци КУД Бранко Чајка.

Инаку приредбата беше последната програмска активност на проектот Школа српског језика (Школа за српски јазик) на Здржението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!