Со проекцијата на „Јас сум твојот човек“, беа отворени деновите на германскиот филм

Со проекцијата на филмот „Јас сум твојот човек“, вчера во Тетово започнаа Деновите на германскиот филм. Филмот којшто присутните вчера имаа можност да го погледнат во просториите на центарот „Лоја“ во Тетово, е германски научно-фантастичен и романтичен филм којшто премиерно беше прикажан во март 2021 година на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Филмските проекции на германски јазик се дел од седумнеделниот период исполнет со активности од културен и уметнички аспект во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“ од Тетово.

Проекциите на филмови на германски јазик во Тетово ќе продолжат се’ до  21-ви октомври.

Инаку, филмовите се прикажуваат на германски јазик со превод на македонски и албански јазик. Влезот за сите проекции е бесплатен.

Ивана Серафимовска