Со спуштање на светиот крст во осветените води во тетовско утре ќе се прослави празникот Водици

Во утринските часови со Света боженствена литургија во соборниот храм свети Кирил и Методиј во Тетово ќе започне чествувањето на празникот. Крстот ќе се фрла околу 10 часот во црковниот базен.

Со народни и црковни обичаи Водици ќе се прослави и во населените места од тетовско.

Прославата најрано ќе започне во село Челопек околу 8 часот, во тетовско Стенче во 9 30 минути, а во Теново, Сараќино и Раотинце во 11 30 минути

Во Сиричино чествувањето ќе започне во 12 30 минути, а во Прељубиште околу 13 часот.

Празникот Водици се празнува два дена. Првиот, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици. Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Водици е празник над празниците и во резлични делви од Македонија се одбележува со многу интересни и неповторливи фолклористички обреди.

Водокрст паѓа во очи Богојавление и секогаш е посен ден, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа. Во некои краеви постои обичај да се стави кст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.

error: Content is protected !!