Средното училиште „Моша Пијаде“ од Тетово прераснува во Регионален центар за стручно образование и обуки
Истиот треба да започне да функционира од следната учебна година.
Со одлука на Владата Средното училиште „Моша Пијаде“ да стане Регионален центар за стручно образование и обука во Полошкиот регион ќе се овозможи квалификација и преквалификација на сите заинтересирани согласно потребите на пазарот на трудот.
Ова е можност и средните стручни училишта да соработуваат наместо да си конкурираат, со што ќе се овозможи подобра искористеност на ресурсите и ќе се одговори на потребите на средношколците и на индустријата во регионот.
Регионалниот центар за стручно образование и обуки треба да започне да функционира од следната учебна година.
Освен во полошкиот, ќе се отворат уште два регионални центри за стручно образование и обука во североисточниот и во југозападниот регион, односно во Куманово и Охрид. Проектот е дел од реформите за модернизација на средното стручно образование.
Данијела Билбилоска