Средношколците сметаат дека полагањето матура нема да биде ефективно


Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Наместо полагање матурски испити, годинава матурантите да изработат само проектна задача. Ова е мислење на Сојузот на средношколци. Го базираат на тврдењето дека онлајн наставата не е спроведена доволно квалитетно и учениците остануваат со  дупки во знаењето.

Министерството за образование пак, до сега не го смени ставот дека државната матура ќе се полага во законски предвидениот рок, односно во јуни следната година.

„Минатата година немаше полагање на матура, а оваа година гледаме дека Министерството сака да се полага државната матура. Но, ние како матуранти сметаме дека четвртата година од средното образование не е како што треба, заради онлајн наставата. Нашата држава не беше подготвена за онлајн наставата да се спроведе како што треба. Ние како Сојуз на средношколци, баравме дигитализација да се воведе во системот на учење уште пред некоја година“, подвлекува Леутрим Билали, потпретседател на Сојузот на средношколци.

Претставници на Сојузот до сега оствариле неколку консултативни средби со  Министерството за образование по прашањето за матурата. Роковите се теснат, а учениците конечниот став со кој ќе настапат пред надлежните, ќе го изградат на состанок на Генералното собрание.

Министерството за образование им даде рок на матурантите да ги пријават темите за проектната задача до крајот на ноември, додека пријавувањето на испитите од листата за полагање тече до крајот на декември. МОН истакна дека полагањето на државната матура е обврска утврдена со Законот за средно образование и се спроведува според соодветниот правилник, а учебната година се одвивала успешно согласно планот и програмата.