ССМ: Минималната синдикална кошничка во мај  изнесува 49.025 денари

Во месец мај годинава на едно четиричлено семејство му биле потребни 49 025 денари за да ги покрие минималните трошоци. Од Сојузот на синдикати на Македонија кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека најмногу пари во мај, 19 532 денари, биле потребни за храна и пијалaци, а за да се покријат трошоците за домување биле потребни 13 392 денари. Од останатите трошоци, кои се дел од синдикалната кошничка, потребни се 3 720 денари за превоз, 3 196 денари за хигиена, а за одржување на здравјето се трошеле 821 денар.

„Вкупната  синдикалната потрошувачка кошничка изнесува 44 047 денари, а кога на нив ќе се додадат 4 977 денари отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49 025 денари“, велат од ССМ.

Од ССМ нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34 925 денари.

Синдикалната потрошувачка кошничка во април, според пресметките на ССМ, беше 49 384 денари. Најмногу трошоци граѓаните и во април имале за храна и пијалaци, како и за покривање на трошоците за домување.