ССМ: 51 234 денари изнесува минималната синдикална кошница за месец декември претходната година
51 234 денари е износот на минималната сидикална кошничка за едно четиричлено семејство, за месец декември 2022 година, односно е зголемена за 15 424 денари во споредба со почетокот на претходната година, покажаа најновите пресметки на Сојузот на синдикатите на Македонија. Оваа вредност на минималната синдикална кошница го бележи најголемото зголемување од 2011 година. Ваквата економска состојба се препишува на огромната инфлација, која удри по џебот на граѓаните кои, пак, се жалат дека од скапотијата тешко се врзува крај со крај.
Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари. Од ССМ додаваат и дека борбата на ССМ изминатата година беше насочена кон зголемување на платите на членовите и на работниците и најавуваат продолжување и во 2023 година.
Ивана Серафимовска